Македонија

Опозицијата мора да се аклиматизира на европската клима, вели Спасовски во интервју за „Политика“

03.06.2023 11:44

Со функционална политика на дијалог Северна Македонија стана фактор на стабилност во регионот, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за белградска „Политика“...

Со функционална политика на дијалог Северна Македонија стана фактор на стабилност во регионот, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за белградска „Политика“.

Што се однесува до европската интеграција, тој рече дека просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските, кои вклучуваат уставни измени.

Според него во овој период мора да се вложат максимални напори преку парламентарен дијалог за да се постигне консензус за промена на Уставот.

На опозицијата и порача да се аклиматизира на европската клима и да ги преиспита своите постапки. Не е разбирлива политичката нефлексибилност со која се турка некаков архаичен модел, а пред сè опозицијата покажува неодлучност и немање визија. Иако вметнувањето на Бугарите во Уставот е трн во око, тоа го гледам како дополнителна вредност за нас – конечно да ја закопаме долгогодишната теза дека сме еден народ со нив“, истакна министерот Спасовски.