Сингапур

САД, Јапонија и Јужна Кореја најавија размена на информации за севернокорејски ракети

03.06.2023 11:50

САД, Јапонија и Јужна Кореја објавија дека до крајот на годината ќе почнат со споделување на информации за лансирани севернокорејски ракети...

САД, Јапонија и Јужна Кореја објавија дека до крајот на годината ќе почнат со споделување на информации за лансирани севернокорејски ракети.

По состанокот во Сингапур на министрите за одбрана на трите земји прецизиран планот за активирање на механизам за споделување податоци во реално време.

Објавата на Вашингтон, Токио и Сеул следи откако Пјонгјанг се обиде да лансира военоразузнавачки сателит.