Позиционирање пред лидерската средба
Социјалдемократите ја најавија лидерската, но не кажаа кога ќе се случи. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сè уште не добил покана. Бара за уставните измени и што доколку не се изгласаат лице в лице да разговара со Ковачевски. Вели дека лидерската подобро да не се случи, ако нема конкретен заклучок. Од власта пак со став-пред Мицкоски е одлуката да покаже единство. Поканет е, нека бира дали сам или со придружба ќе дојде...

Идната недела треба да се одржи лидерската средба. Форматот сè уште е непознат, ниту кога точно ќе се случи. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски бара со премиерот Ковачевски да разговара лице в лице, за како што вели, што ќе се прави откако ќе пропадне обидот да се изгласаат уставните измени. Тој смета дека лидерската е подобро да не се случи, отколку од неа да не произлезе конкретно решение и заклучок.
СДСМ предупредува дека е дојден момент на одлука и оти одговорноста за европската интеграција е на сите 120 пратеници, вклучително и на оние од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пред Мицкоски е одлуката, дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе го следи патот на неговиот претходник“ – коментираат од СДСМ. Според партијата, изборот е интеграција или изолација.
За Мицкоски е прифатлива влада на широко македонско национално единство, бидејќи според него, актуелната има нелегитимен премиер. Прашан дали би коалицирал со СДСМ без ДУИ, Мицкоски рече дека е редно време, по 20 години интегративците да одат во опозиција.
Викторија Милевска
