Акција

Запленетите 161 килограм кокаин биле скриени во контејнер со банани

03.06.2023 14:01

На солунското пристаниште запленети 161 килограм кокаин во заедничка акција на македонската и грчката полиција во соработка со американска ДЕА. Дрогата била сокриена во контејнер за банани. Спречениот шверц е продолжение на операцијата од пред еден месец кога беа уапсени 14 луѓе...

161 килограм висококвалитетен кокаин во вредност од над 10 милиони евра е запленет на солунското пристаниште во заедничка акција на македонската и на грчката полиција, во соработка до американска ДЕА и Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа – СЕЛЕК. Дрогата е пронајдена во контејнер со банани што во Грција пристигнал од Еквадор. Акцијата претставува продолжение на онаа од пред еден месец, кога во Солун беа запленети 105 килограми кокаин, а уапсени 14 луѓе – седуммина од Грција, тројца од Албанија и четворица од земјава.

Последната пратка дрога се наоѓала во 100 пакувања, во секој контејнер по 50. Кокаинот бил сокриен во специјално направени бункери во шините од подот на контејнерите. Дрогата пристигнала во контејнери за банани. Грчката полиција соопшти дека станува збор за едно од најголемите количества кокаин откриени на грчка територија.

 

 

Александра Спировска