Турција

Ердоган положува заклетва за трет претседателски мандат

03.06.2023 15:06

Инаугурација на Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој го продолжува дведецениско владеење за уште пет години. Во претседателската палата во Анкара, десетици светски лидери присуствуваат на раскошната церемонија...

Инаугурација на Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој го продолжува дведецениско владеење за уште пет години. Во претседателската палата во Анкара, десетици светски лидери присуствуваат на раскошната церемонија.

Меѓу нив и претседателот Стево Пендаровски.Лидерот на Турција со најдолг стаж во третиот мандат се соочува со економски предизвици и кревката надворешната политика со Западот.

И новите пратеници во турскиот парламент вчера положија заклетва на првата седница по изборите на 14-ти мај.