МВР
Приведен крадец од Гостивар, украдениот мотоцикл пронајден и вратен на сопственикот
03.06.2023 16:15
На 02.06.2023 во 11.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода В.Ф.(28) од Гостивар...

На 02.06.2023 во 11.40 часот полициски службеници од ОВР Гостивар во Гостивар го лишиле од слобода В.Ф.(28) од Гостивар, постапувајќи по пријава од 57-годишен гостиварец според која во близина на Железничката станица во Гостивар му одзел мотоцикл „хамачи“ со гостиварски регистарски ознаки.
Мотоциклот бил одземен и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
