Македонија

Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара санација на Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“

03.06.2023 16:32

Попладнево беше блокиран регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци. Жители излегоа на протест, револтирани поради оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“...

Попладнево беше блокиран регионалниот пат Градско – Прилеп, кај клучката за Кавадарци. Жители излегоа на протест, револтирани поради оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“. Се пропуштаа само итни случаи.

Производителите се пожалија дека проблемот со каналот за наводнување им ги загрозува земјоделските култури. Побараа итна санација или алтернативен начин за наводнување, додека заврши санацијата.

Во спротивно, се заканија со нови протести од понеделник со зголемување на времетраењето на блокадите. Надлежните уверуваат дека интензивно се работи на техничкото решение за отстранување на дефектот.