IN MEMORIAM

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

03.06.2023 18:35

Денеска на 56 години почина актерот на МНТ, Трајче Ѓоргиев...

Денеска на 56 години почина актерот на МНТ, Трајче Ѓоргиев. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на професор Љубиша Георгиевски. Повеќе од 30 години беше дел од МНТ, од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ до многу други улоги во десетици претстави, како „Народен пратеник“, „Демони“, „Госпоѓа министерка, „Мајсторот и Маргарита“.

Ѓоргиев беше и театарски и видео режисер од 1991 година. Во 2005-та година се стекнува со титулата магистер по пантомима. Ѓоргиев беше основач и главен двигател на ПАНЗИФ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар. Добитник е и на повеќе награди.