Денеска се одбележува Светскиот ден на семејството
Семејството ги симболизира најдлабоките човечки соништа и стравови, во семејството ги стекнуваме првите искуства за себе и за другите...

На 15 мај 1993 –та , Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи овој ден за Меѓународен ден на семејството. Денеска се одбележува 20 години откако овој ден се прославува.
Во семејството се раѓаме, тука го развиваме нашиот идентитет и припадност. Семејството ги симболизира најдлабоките човечки соништа и стравови, во семејството ги стекнуваме првите искуства за себе и за другите.
Во семејството растеме, созреваме, учиме за љубовта, стабилноста, сигурноста и заштитеноста.
Со семејството делиме заедничко минато, сегашност и иднина. За да може да функционираме како индивидуа или група, мора да ги чуваме и да ги негуваме семејните вредности.
