Ватикан

Одржан ритуал за чистење на олтарот на папата

04.06.2023 09:56

Посебен ритуал на „чистење“ се одржа кај главниот олтар на базиликата Свети Петар, кој го користи и папата Франциско...

Посебен ритуал на „чистење“ се одржа кај главниот олтар на базиликата Свети Петар, кој го користи и папата Франциско, откако беше осквернавен од човек кој се појавил гол за да протестира против војната во Украина.

Обезбедувањето на Ватикан го предаде на италијанската полиција. На молитвената миса било потенцирано дека човекот направил грешен и несоодветен гест, а со цел да го привлече вниманието на жртвите од војната.