Сенегал

Расте бројот на загинати во уличните немири во Дакар

04.06.2023 10:06

Продолжија судирите меѓу полицијата и приврзаниците на сенегалскиот опозициски лидер Усман Сонко. Бројот на загинати во уличните немири во Дакар достигна 15 лица...

Продолжија судирите меѓу полицијата и приврзаниците на сенегалскиот опозициски лидер Усман Сонко. Бројот на загинати во уличните немири во Дакар достигна 15 лица.

САД изразија загриженост за насилството и штетите нанесени во многу делови на земјата. Од американскиот Стејт департмент побараа сите страни да ги изнесат ставовите на мирен начин.

Судирите избија по пресудата за опозицискиот лидер Сонко. Тој може да биде дисквалификуван од трка на претседателските избори кои треба да се одржат наредната година, на кои противкандидат најверојатно ќе му биде актуелниот претседател Маки Сал.