Под мотото „Србија против насилството“ илјадници луѓе повторно побараа одговорност од Вучиќ
Опозицијата и граѓаните го обвинуваат српскиот претседател дека поттикнува нетолеранција и говор на омраза за време на неговото владеење, додека незаконски ги зазема сите институции...

На синоќешниот протест во Белград, петти по ред, под мотото „Србија против насилството“ илјадници луѓе повторно побараа одговорност од претседателот Вучиќ по двете масовни убиства кои се случија во земјата.
„Тука сум затоа што верувам дека не можеме да продолжиме на овој начин и мислам дека треба да се случи некаква промена за да живееме во подобра земја“, рече Лука Пешиќ, демонстрант.
На протестот говореа неколкумина личности од јавниот живот. Опозицијата и граѓаните го обвинуваат српскиот претседател дека поттикнува нетолеранција и говор на омраза за време на неговото владеење, додека незаконски ги зазема сите институции.
