Уличн театар под отворено небо „Баскерфест 2014“
По 8 успешни години на организација на фестивалот „Баскерфест“ со гордост и големо задоволство оваа година по деветти пат се најавува уличниот театар под отворено небо „Баскерфест 2014“ овојпат во проширена верзија. Годинава е решено фестивалот да се одржува на ниво на цела Македонија, односно во 21 општина низ целата држава. Официјалниот старт е на 27 мај на градскиот плоштад во Скопје, а авантурата почнува во Гевгелија на 28 мај.

Скопје ќе биде домаќин од 06 јуни до 15 јуни, а целата турнеа ќе трае до 30 јуни со затворање во Охрид, Дојран и Битола. Покрај овие градови, македонците ќе уживаат во уличните престави и во Кочани ( 30-31 мај), Велес (6-7 јуни), Свети Николе ( 7 јуни), Облешево/ Чешиново( 10 јуни), Кавадарци ( 13, 14 јуни), Радовиш (14 јуни), Неготино ( 18 јуни), Виница (19-20 јуни), Берово, Македонска Каменица, Прилеп ( 20-21 јуни), Крива Паланка, Пехчево, Тетово ( 21 јуни), Крушево ( 22 јуни), Дојран ( 27-30 јуни), Ресен ( 28 јуни), Охрид( 28-29 јуни), Делчево ( 29 јуни), а крајот е резервиран за Битола (29-30 јуни). Новитет оваа година се ноќните официјални афтер парти забави на фестивалот кои ќе се одржуваат низ најголемите клубови во државата, а на кои учество ќе земат и дел од баскер изведувачи како и познати диџеи од Македонија и странство.
Овој пат Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 150 артисти, музичари и театри од целиот свет, од далечната Јапонија до Канада преку Нигерија па се до Нов Зеланд.