Кина

Кина бара дијалог, а не конфронтација, конфликтот со САД би бил катастрофа

04.06.2023 12:06

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу предупреди дека конфликтот меѓу Кина и САД ќе биде катастрофа и рече дека Пекинг бара дијалог, а не конфронтација...

Кинескиот министер за одбрана Ли Шангфу предупреди дека конфликтот меѓу Кина и САД ќе биде катастрофа и рече дека Пекинг бара дијалог, а не конфронтација.

На самитот за безбедност во Сингапур, кинеските власти објавија предупредување за формирањето сојузи налик на НАТО во азиско-пацифичкиот регион.

Според кинескиот министер за одбрана таквите сојузи би биле еден вид „киднапирање на земјите од регионот“. Според првиот човек на кинеската одбрана, светот е доволно голем за Кина и САД да напредуваат заедно.