Индија

Дефект во системот за сигнализација причина за железничката несреќа во Индија

04.06.2023 12:13

Железничка несреќа во источна Индија, во која загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици се повредени е предизвикана од дефект во системот за сигнализација...

Железничка несреќа во источна Индија, во која загинаа повеќе од 300 луѓе, а стотици се повредени е предизвикана од дефект во системот за сигнализација. Според индискиот министер за железници, возот ја сменил пругата.

Претходно во прелиминарната истрага беше објавено оти сигналот го пренасочил едниот патнички воз во главната пруга, а подоцна истиот бил исклучен.

Властите и натаму работат на расчистување на остатоците од несреќата во источната индиска држава Одиша.