Полска

Масовен протест во Варшава

04.06.2023 15:47

Илјадници граѓани учествуваа на денешниот масовен протест во Варшава, организиран од полската Центристичка опозициска партија, пред одржувањето на есенските избори...

Илјадници граѓани учествуваа на денешниот масовен протест во Варшава, организиран од полската Центристичка опозициска партија, пред одржувањето на есенските избори.

Лидерот на партијата, Доналд Туск ги повика Полјаците да излезат на улица против високите цени, лагите и измамите, за слободни избори и за демократска европска држава. Последните анкети покажаа дека партијата на Туск заостанува зад владејачката партија на Правото и правдата.