БиХ

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

04.06.2023 17:13

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди денеска Босна и Херцеговина, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Земјотресот се случил на 35 километри југоисточно од Мостар, околу 14 часот и 25 минути.

Епицентарот бил на длабочина од два километри.

Медиумите од Босна и Херцеговина јавуваат дека земјотресот се почувствувал и во соседна Црна Гора, како и во Хрватска.

Засега нема информации за предизвикана материјална штета.