Србија

Брнабиќ: Подготвена сум да поднесам оставка во секој момент

04.06.2023 19:38

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска истакна дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија „засега одбива да го стори тоа“...

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денеска истакна дека е подготвена во секој момент да поднесе оставка од функцијата премиер на Србија, но додаде дека претседателот на Србија „засега одбива да го стори тоа“.

-Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да биде јасно – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка, како претседател на владата, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тоа го знае и засега одбива, изјави Брнабиќ и додаде: „Можеби ќе се предомисли. Сакате избори – нема проблем, ние сме секогаш за избори“.

Таа рече и дека „сигурно останува лојална на Србија и на Вучиќ“.