Животна средина

Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“

05.06.2023 09:04

Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија Н.Е. Ејми Ларсон Џеин...

По повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, денеска во хотелот Double Tree Hilton, со почеток од 10.30 часот ќе се одржи воведна Конференција на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“.

Настанот ќе го отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и амбасадорката на Кралството Шведска во Република Северна Македонија Н.Е. Ејми Ларсон Џеин, а поздравно обраќање ќе има и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски. Рајан Нокс, директорот на САЛАР Интернационал ќе објасни повеќе околу придобивките на проектот.

По воведните обраќања предвидено е потпишување на меморандум за соработка помеѓу проектот и Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС со шест општини кои се одбрани за пилотирање на проектот како партнери на проектот.