Здравство

Промоција на онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче

05.06.2023 09:17

Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче...

Во Гинеколошко-акушерска болница – Чаир, денеска ќе биде промовирана новата онлајн услуга за електронска регистрација на новороденче.

На настанот е најавено присуство на првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити, генералниот директор на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани и директорот на Гинекологија, д-р Башким Исмаили.