Влада
Во среда лидерска средба Ковачевски-Мицкоски
05.06.2023 09:28
Како што соопштуваат од владината прес-служба, средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници...

На покана на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, средбата е закажана за 7 јуни 2023 година (среда) во Клубот на пратеници.
На средбата, ќе се разговара пред сè за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Северна Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
