Наскоро извештај за падот на кингерот
15.05.2014 13:00
Главниот истражител на повторената истрага, босанскиот експерт Омер Кулиќ за МТВ вели дека извештјот наскоро ќе биде готов...

Се уште не е готов извештајот од авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата што го придружуваше на патувањето во Мостар во 2004-та година.
Главниот истражител на повторената истрага, босанскиот експерт Омер Кулиќ за МТВ вели дека извештјот наскоро ќе биде готов.
„Следната недела ќе ја посетам Македонија и ќе разговарам со членови на истражниот тим од Македонија, да направиме некои договори и да се подготвиме за пишување на завршниот извештај, веќе почнуваме со работа“, изјави за МТВ Омер Кулиќ – шефот на комисијата за истражување на несреќата.
Анита Димитријевска
