Премиера на претставата „Брод за кукли“ во битолскиот театар
„Брод за кукли“ во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип...

Вечерва во Битолскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Станува збор за приказна за една и за сите женски судбини или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ.
„Брод за кукли“ во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип.
Настапуваат актерите: Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Петар Горко и други.
