Регион
Дојави за бомби во Белград и Нови Сад
05.06.2023 10:49
Според извештаите, бомби биле пријавени во повеќе училишта, трговски центри и факултети во Белград и Нови Сад...

Утрово во периодот од 07:20 до 08:00 часот во полиција пристигнале пријави за подметнати бомби на повеќе локации, пренесуваат српските медиуми.
Според извештаите, бомби биле пријавени во повеќе училишта, трговски центри и факултети во Белград и Нови Сад.
Полицијата врши увид на згради и локации.
