Приведен бегалец од затвор, осуден на скоро 11 години затворска казна
Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната...

Вчера во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С.(38) од Куманово.
Тој бил осуден на 10 години и 10 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236, „разбојништво“ по член 237 и „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница за доиздржување на шест години и пет месеци од казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа Затвор-Штип за доиздржување на казната.
