Кошарка

МЗТ Скопје по десетти пат го освои шампионскиот трофеј

05.06.2023 11:09

Со 3:0 во финалната серија тимот од Аеродром дојде до јубилејната титула, десетта во последните 11 години. Со 33 постигнати поени, Војдан Стојановски го предводеше својот тим до заслужен триумф...

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по десетти пат го освои шампионскиот трофеј во македонското кошаркарско првенство, откако синоќа во Битола го победија Пелистер со 92:83 на гостински терен.

Со 3:0 во финалната серија тимот од Аеродром дојде до јубилејната титула, десетта во последните 11 години. Со 33 постигнати поени, Војдан Стојановски го предводеше својот тим до заслужен триумф.

Битолчани втора сезона по ред не успеаја да се искачат на тронот во македонската кошарка, губејќи во финалето од МЗТ.