Ридски патеки
Иџе во Прага го освои првото место каде постави нов рекорд
05.06.2023 11:14
Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски беше најдобар на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки...

Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски беше најдобар на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.
Иџе во Прага го освои првото место во првата трка каде постави нов рекорд на патеката во групата „3“.
Со својот автомобил „Хјундаи и30 ТЦР“ беше најдобар со време 3:15.299, пред Италијанецот О’Плеј и Австриецот Дитхард Стернад. Стефановски беше доминантен и во втората трка како првопласиран.
