Ибрахимовиќ кариерата ја заврши во дресот на италијански Милан
Во својата кариера одигра 819 натпревари, постигна 493 гола со 201 асистенција за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси...

Златан Ибрахимовиќ, славниот шведски напаѓач и еден од најдобрите на 21 век, кариерата ја заврши во дресот на италијански Милан и стави крај на професионалната кариера како фудбалер.
Ибра имаше многу проблеми со повредите во последните неколку години, но на теренот се враќаше и во дресот на Манчестер Јунајтед и во Милан, а откако пред неколку дена беше објавено дека нема да остане на „Сан Сиро“, имаше најави дека славниот Ибра би можел да се пензионира, иако постоеше можност да се врати во Шведска и таму да одигра уште една сезона.
Во својата кариера одигра 819 натпревари, постигна 493 гола со 201 асистенција за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лос Анџелес Галакси.
Во кариерата освои 12 шампионски титули (две со Ајакс, три со Интер, една со Барселона, две со Милан и четири со Манчестер јунајтед), во 2013 година го постигна најубавиот гол на сезоната, за кој ја доби наградата „Пушкаш“, додека со Барса го освои Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА, а во 2017 година и Лигата на Европа со Манчестер јунајтед.
