Тенис

Новак Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале на „Ролан Гарос“

05.06.2023 11:57

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ и тоа е негов рекорден 17 пласман меѓу осумте најдобри на Грен слем турнир во Париз...

Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“ и тоа е негов рекорден 17 пласман меѓу осумте најдобри на Грен слем турнир во Париз.

Тоа до сега го нема направено ниту еден тенисер, а зад себе српскиот тенисер го остави „кралот“ на отвореното првенство на Франција, Рафаел Надал кој 16 пати играше во четвртфиналето на турнирот.

Интересно е тоа Ѓоковиќ само двапати ја освои титулата на „Ролан Гарос“, додека Шпанецот тоа го направи 14 пати.

Во четвртфиналето на Ролан Гарос Ѓоковиќ ќе игра против Русинот Карен Хачанов, кој претходно го совлада Италијанецот Лоренцо Сонега со 1:6, 6:4, 7:6 (9:7), 6:1.