НДП поднесе 20 оставки до Собранието и ДИК

15.05.2014 13:07

НДП ја испочитува законската процедура и ги поднесе оставките на сите  20 кандидати од изборна единица 6.

Привремениот одбор на НДП ја извести  јавноста дека нотаризираните оставки на пратеникот Руфи Османи и на другите 19 кандидати од изборната единица број 6 ги испратила до Парламентот и до Државната изборна комисија.

На овој начин привремениот управен одбор на НДП ги исполнува преземените обврски од централното собрание и со ова смета дека е завршена целосно правната процедура, велат од партијата со која до неодамна раководеше Руфи Османи.

Истовремено привремениот управен одбор прогласи мораториум од  политичка активност на НДП во траење од 100 дена.