Македонија

Пресуди за пожарот во модуларната болница во Тетово

05.06.2023 12:49

Двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на условна казна од по една година и шест месеци...

Во тетовскиот суд пресуда за обвинетите за пожарот во модуларната болница. Двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми се осудени на условна казна од по една година и шест месеци.

Утврдената казна нема да се изврши, ако во рок од три години не сторат ново кривично дело

Докторот Бобан Вучевски е ослободен од обвинение, додека тетовската Клиничка болница, како правно лице, треба да плати милион денари.