Во црквата „Света Софија“ света архијерејска литургија, чиноначалствуваа поглаварите Стефан и Порфириј
Една година од доделувањето на Томосот за автокефалност на МПЦ-ОА од СПЦ. МПЦ ОА се обедини со ПОА на Вранишковски, а тој стана митрополит на Македонската Православна Црква. Оваа одлука беше обзнанета денеска на светата архијерејска литургија, по повод годишнината од доделувањето на Томосот за афтокефалност на МПЦ ОА од страна на СПЦ, која се одржа во катедралната „Света Софија“ во Охрид. Одлуката ќе биде потврдена на Синодот на МПЦ ОА на 20-ти ти овој месец...

Со света архијерејска литургија, утрово во катедралната Света Софија во Охрид се одбележа годишнинатата од доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) од страна на Соборот на Српската православна црква (СПЦ).
Оваа богослужба има историска важност, бидејќи го означи обединувањето на трите црковни структури: МПЦ ОА, СПЦ и ПОА на Вранишковски.
По одлуката на Светиот архијерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) на заседанието минатиот месец за доделување канонски отпуст на Православната Охридска Архиепископија (ПОА) на Вранишковски, и нејзино интегрирање во МПЦ-ОА, четирите владици на ПОА, задно со свештениците се враќаат во МПЦ-ОА. Јован Вранишковски стана митрополит на МПЦ ОА.
Оваа одлука ќе биде потврдена и на Синодот на МПЦ ОА на 20-ти јуни.
„И во тешките две и пол столетија во незканонското забранување на дејноста на Охридската архиепископија како богољубив народ покажавме дека нашиот однос со Бога е толку длабок, што никакви надворешни историски условени пречки не можат да го нарушат“, г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА.
Голем број свештени лица, владици, монаси, митрополити и верници денес беа дел од богослужбата на обединување, љубов и разбирање.
„Не постојат повеќе цркви, постои само една света соборна и апостолска православна црква,постојат организации и администрација епископии, митрополии на афтокефалните цркви. Но, секоја афтокефалана црква е во нераскинлива врска со сите други помесни цркви“, изјави Порфириј, патријарх на СПЦ.
Македонскиот архиепископ г.г. Стефан го одликуваше патријархот Порфириј со орден „Свети Климент Охридски“, а патријархот за возврат му го подари својот жезол.
„Одличието, орден на Свети Климент Охридски од прв ред, се доделува на неговата светост патријархот српски г. г. Порфириј за покажана љубов кон Македонската Православна Црква и кон благочестивиот македонски народ, посведочена преку доделување на Томосот за автокефалност на МПЦ ОА“, изјави Климент, епископ на Преспанско-пелагониска епархија.
Српскиот патријарх Порфириј, на 5-ти јуни, лани, му врачи акт на поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан, со кој се потврди одлуката на СПЦ да ја одобри автокефалноста на МПЦ – ОА, ставајќи крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви.
Соња Рилковска
