БУГАРИЈА
Радев го прими кандидатот за премиер Николај Денков
05.06.2023 13:33
Составот на кабинетот „Денков-Габриел“ е веќе готов, а двајцата ќе бидат премиери по девет месеци по систем на ротација...

Претседателот Румен Радев го прими кандидатот за премиер Николај Денков од пратеничка група на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“, која според уставната процедура го доби вториот мандат за составување на Влада и успеа во тоа. Составот на кабинетот „Денков-Габриел“ е веќе готов, а двајцата ќе бидат премиери по девет месеци по систем на ротација.
Претседателот Румен Радев се очекува час поскоро да ја започне процедурата со гласање на Предлог-кабинетот.
