Тајван

Кинески воен брод му го пресекол патот на американски разорувач во Тајванскиот теснец

05.06.2023 13:37

Американската војска објави видео од небезбедниот кинески маневар во кој брод на кинеската морнарица нагло му го пресекол патот на американски разорувач...

Кинески воен брод му го пресекол патот на американски разорувач во Тајванскиот теснец. Американската војска објави видео од кинески маневар во кој брод на кинеската морнарица нагло му го пресекол патот на американски разорувач.

Американскиот разорувач го задржал својот курс, но ја намалил брзината на 10 јазли за да избегне судир, соопшти војската.