Спасовски: „Отворен Кабинет“ стартуваше во СВР Штип
Денеска во СВР Штип стартуваше новиот проект на Министерството за внатрешни работи – „Отворен Кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија на посети во кои ќе бидат опфатени сите сектори за внатрешни работи низ државата...

Денеска во СВР Штип стартуваше новиот проект на Министерството за внатрешни работи – „Отворен Кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Преку серија на посети во кои ќе бидат опфатени сите сектори за внатрешни работи низ државата, со прием на странки од страна на министерот Спасовски, a во рамки на веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“, намерата е на непосреден начин да бидат слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните идеи и предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат.
„Целта е да се слушне мислењето на секој еден граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, но и да се запознаам со реализираните активности од почетокот на годината досега, како и со постигнатите резултати. На тој начин, да направиме еден сублимат на сè што е постигнато, но и да ги зацртаме целите за следниот период“, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите на денешниот, воедно и прв „Отворен Кабинет“, кој започна во СВР Штип, а каде што утрово министерот Спасовски оствари средба со раководството на овој сектор и беше запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Штип, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои ги презема СВР Штип во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста во градот и заштита на граѓаните.
