Невреме на Балканот: Први жртви во Србија
Невремето што го зафати Балканот ги однесе првите жртви во Србија. Еден човек се удавил во поплавениот Белград, а спасувач исчезнал во надојдената вода кај Топола и уште се трага по него.
„Во текот на ноќта, очекуваме војската да се вклучи активно. Главна задача ни е до петок, кога се очекува да се намалат врнежите, да спречиме човечки жртви“, изјави Предраг Мариќ, начелник на секторот за вонредни ситуации во Србија.

Владата заседава на вонредна седница, на која премиерот Вучиќ најави прогласување вонредна состојба на територијата на целата земја. Издадена е наредба за итна евакуација во Парменац каде што се излеа Западна Морава. 100 илјади домаќинства во Србија се без струја, а најкритично е во Ваљево, Лозница, Чачак и Лазаревац. Патиштата се непроодни, а запрен е и железничкиот сообраќај.
Во Босна и Херцеговина најкритично е во сараевскиот и тузланскиот кантон. Во Добој и Маглај, кои се отсечени од светот – поради поплавени трафостаници нема струја, а не работат ни телефоните. Ангажирана е и војската која со хеликоптери евакуираше 12 лица. Вонредна состојба е прогласена во Олово. Нивото на Миљацка опаѓа, но расте на Босна и ја загрозува Зеница.
„Најтешко е во Сараевскиот и во Тузланскиот кантон. Состојбата е алармантна во неколку општини во Сараево. Нашите единици се на терен и работат на отстранување на евентуалната штета“, рече Фахрудин Солак, директор на Цивилната заштита на Босна.
Во Хрватска е објавен црвен ураган поради силен угарански ветар. Забранет е сообраќајот на северните делници од Јадранската магистрала, каде што ветарот дува и над 150 километри на час. Во Сплит силниот ветар кршел дрвја и предизвикал хаос во сообраќајот. Во Бугарија поплавен е Плевен, невремето предизвика големи штети во Свиштов на северот на земјата, а ураганскиот ветар носеше покриви во селото Чепинци близу до Софија.
Ивана Салтировска