САД
САД кренаа воени авиони во лов на мала „Цесна“ над Вашингтон
05.06.2023 12:18
Воени авиони ја пробиле звучната бариера што вознемири многумина во главниот град на САД...

Американските власти вчера кренаа во воздух група воени авиони во лов на „Цесна“ што неовластено навлегла во воздушниот простор над пошироката област на Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија. Воени авиони ја пробиле звучната бариера што вознемири многумина во главниот град на САД.
Се верува дека „Цесната“ била управувана на автопилот и не одговарала на повиците од контролата на летање. Инцидентот ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот.
