Законски решенија за граѓаните кои се невидливи за системот бидејќи немаат лични документи
На 14-ти јуни Собранието ќе одлучува за законските решенија кои ќе го решат проблемот на околу 700 граѓани кои немаат лични документи и практично се невидливи за системот, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денес беше во посета на СВР Штип од каде започна реализацијата на проектот „Отворен кабинет“ …

Околу 700 лица во државата се таканаречени „фантоми“, немаат лични документи и не можат да ги остварат правата како жители на државата. Министерот за внатрешни работи смета дека решението е во закон, за кој пратениците ќе одлучуваат на седница на 14-ти јуни.
Управата за водење матични книги постапува според актуелниот закон и близу сто лица веќе се регистрирани во системот. И директорот на управата очекува системско решение со новиот закон.
Министерот Спасовски беше во посета на СВР Штип од каде стартува проектот „Отворен кабинет“, за да се слушнат идеите и предлозите на граѓаните за подобрување на работата полицијата и зголемување на безбедноста.
Славица Величковска
