Иванов во Брисел на средба со Филе, попладнево со Ван Ромпуј

15.05.2014 13:22

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов денеска  престојува во работна посета на Брисел.

Шефот на државата веќе имаше средба со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, а за доцна попладнево е најавена средбата со претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј.

Ова е прва дипломатска посета на иванов по неговата инаугурација за шеф на државата, по реизборот на 27 април.   

Посетата на претседателот  на седиштето на ЕУ на почетокот на вториот мандат, според  експертите е  сигнал дека Република Македонија останува доследна на европската агенда, и исполнувањето на стратешките цели за европската интеграција на земјата.

Брисел беше прва дестинација на претседателот Иванов и по инаугурацијата за шеф на државата во 2009 година.

.