Бугарија
Радев го потпиша указот со предлог за избор на премиер Николај Денков
05.06.2023 15:59
Бугарскиот претседател Румен Радев го потпиша указот на 49. Народно собрание со предлог на втората по големина пратеничка група за премиер Николај Денков...

Бугарскиот претседател Румен Радев го потпиша указот на 49. Народно собрание со предлог на втората по големина пратеничка група за премиер Николај Денков.
Указот е издаден по средбата со претставниците на „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, кои претпладнето го вратија завршениот втор мандат за формирање влада.
Претседателот на Народното собрание Росен Желјазков за утре свика вонредна седница на чиј дневен ред се три точки – избор на премиер, усвојување на структурата на Советот на министри и избор на состав на кабинетот.
