Временска прогноза
Претпладне сончево, попладне нестабилно со врнежи
06.06.2023 07:59
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени...

Претпладне сончево време со умерена облачност поголема во западните делови, а попладне особено во западниот и северниот дел ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.
Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
