Собрание

Во Собранието закажани продолженија на две седници

06.06.2023 08:24

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-та и на 91-та пленарна седница...

Во Собранието денеска треба да се одржат продолженијата на 66-та и на 91-та пленарна седница. На дневен ред на 66-та седница е Предлог-законот за изменување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, по скратена постапка.

На 91-та седница има уште 12 неразгледани точки меѓу кои се четири ратификации на договори, предлог финансиските планови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и на МРТ за 2023 година, како и интерпелација за работата на претседателката на Комисијата за прашања и изборите и именувањата, пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ.

Денеска седница ќе одржи и собраниската Законодавно-правна комисија на чиј дневен ред се четири барања за автентично толкување на закони и Предлог-законот за академија за судии и јавни обвинители, по скратена постапка.