Зајакнување на криетериумите и поригорозни мерки за професионалните возачи

15.05.2014 13:31

Сообраќајните експерти сметаат дека е потребно преземање поригорозни мерки, за да се подобри безбедноста во сообраќајот.

Зајакнување на критериумите кои треба да ги исполнуваат професионалните возачи со законски измени, најавува Републичкиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата (РСБСП), по завчерашната несреќа кај Сарамзалино, во која, при судар на автобус и патнички воз, беа повредени 32 патници.

Потсетуваат дека рампата на преминот функционирала и била поставена според сите светски стандарди. Според РСБСП, токму професиналните возачи  треба да бидат пример   и особено внимателни  во соообраќајот.

„Железничкиот премин е направен според сите нормативи и стандарди. Се зборуваше дека рампите биле кратки и слично. Рампите не се непробојни бариери, туку се сигнал дека ќе помине воз. Постои светлосна сигнализација, и хоризонтална  и вертикална, која повлекува апсолутно застанување кога се спуштени рампите затоа што ќе помине воз. Воедно, преминот  е во сред поле, видливоста е одлична, се гледа дека доаѓа воз“, рече Тоше Јанев, портпарол на РСБСП.