Руско - украински конфликт

Урната браната на Дњепар

06.06.2023 09:33

Големата брана во Нова Каховка, Херсон, беше уништена од гранатирање, а водата се излеа и поплави неколку околни подрачја. Руската страна тврди дека е терористички напад, а Киев за уривањето ги обвини трупите под команда на Москва...

Големата брана во Нова Каховка, Херсон, беше уништена од гранатирање, а водата се излеа и поплави неколку околни подрачја. Руската страна тврди дека е терористички напад, а Киев за уривањето ги обвини трупите под команда на Москва. Според „Енергоатом“, ова е закана и за нуклеарната централа во Запорожје, бидејќи водата од езерото е неопходна за работата на електраната и за ладење на станиците. Меѓународната агенција за атомска енергија наведе дека нема директна опасност.

„Руската армија изврши терористички напад, ја разнесоа браната на Харковка. За шест часа, водата ќе достигне критично ниво. Евакуацијата на безбедна локација почна. Сите служби за вонредна состојба се активирани. Земете ги документите и сите потребни работи и чекајте ги автобусите. Направете се за да се заштитите. Напуштете ја опасната зона веднаш!“, порача шефот на администрацијата на Херсон, Олександар Прокудин.

Во меѓувреме, украинската противвоздушна одбрана соборила 20 крстосувачки ракети над главниот град.