Лајчак и Ескобар вечерва во Белград
Србите повторно пред општинските згради во северно Косово. Европските и американските пратеници, Лајчак и Ескобар вечерва во Белград...

Србите повторно пред општинските згради во северно Косово. Европските и американските пратеници, Лајчак и Ескобар, вечерва во Белград откако во Приштина одржаа средби со премиерот Курти. Меѓународната заедница постави три барања.
„За жал, се вративме во Приштина да се справиме со кризата наместо нормализација на односите. Ова не се добри вести. Овде сме во името на ЕУ и САД, заедно со колегата Габриел, за да помогнеме во наоѓањето решение за ситуацијата на северот. Претставивме предлози во името на меѓународната заедница кои содржат три елементи. Прво, деескалација на ситуацијата. Второ, нови избори на северот. Трето, враќање на дијалогот и нормализирање на процесот“, изјави Мирослав Лајчак, претставник на ЕУ.
„Не сум видел вакво единството во трансатлантската заедница. САД, ЕУ и НАТО и секој друг пријател на Косово е со истото барање. Се надевам, ќе бидеме ислушани, рече Габриел Ескобар, претставник од САД.
За учество во евентуални вонредни избори, српското население, меѓу другото, инсистира на формирање на Заедницата на српски општини, специјалните единици да ги напуштат објектите на локалната самоуправа и во нив да не влегуваат градоначалниците, кои според нив, се нелегитимни. Кризата трае од минатиот петок, кога новоизбраните функционери се обидоа да почнат со работа.
