Кирби: Не заминуваме од Индопацификот
Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека не е сигурен каква порака сакала Кина да прати со инцидентот во Тајванскиот теснец...

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, изјави дека не е сигурен каква порака сакала Кина да прати со инцидентот во Тајванскиот теснец, но доколку Пекинг се обидел да ги запре САД да оперираат во регионот, тоа немало да се случи.
„Неодамнешните опасни средби на американските и кинеските сили во Тајванскиот теснец и Јужното Кинеско Море, ја одразуваат растечката агресивност на кинеската војска која го зголемува ризикот од грешки во кои може да настрада некој“, предупреди Белата куќа.
Кинески воен брод го попречи движењето на американски разорувач, кој мораше да ја намали брзината за да не дојде до судир.
