мвр
Лишен од слобода крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот
06.06.2023 10:48
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР...

Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода С.Б.(45) од Гостивар. Тој се сомничи дека извршил тешка кражба, при што од деловен објект на Ш.А.(31) од гостиварско Форино одзел пари. Одземените пари биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
