Македонија

Концерт „2+1“ на тројца македонски музичари во КИЦ во Софија

06.06.2023 10:50

Во галеријата на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија денеска од 18 часот ќе биде одржан концерт „2+1“ на музичкото трио составено од Стојан Димов (кларинет/саксофон), Нинослав Димов (саксофон) и Маја Поповиќ-Караиванова (пијано), кои ќе изведат дела од Пит Свертс, Антонино Паскуљи, Бела Ковач, Феликс Менделсон, Педро Итуралде.

Стојан Димов од 1980 до 1995 е соло кларинет на Македонската филхармонија, а во исто време е и член на Биг бендот при МРТ. Од 2002 година е член на групата на Горан Бреговиќ.

Од 2002 година е член на групата на Горан Бреговиќ. Одржал повеќе рецитали и самостојни настапи со светски реномирани оркестри, а настапувал и во неколку камерни состави.

Нинослав Димов дипломирал во класата на проф. Стојан Димов на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) во Скопје во 2004 година, а магистрирал во 2006 година. По дипломирањето во Скопје ја продолжил наобразбата на Универзитетот дер Кунсте во Берлин во класата на Детлеф Бенсман. Добитник е на многу награди на државни и меѓународни натпревари, а редовен учесник на престижни семинари за саксофон во Словенија, Хрватска, Грција, Франција, Германија. Во моментов, Нинослав Димов е редовен професор по саксофон и камерна музика на ФМУ – Скопје, член е на Биг бендот на МРТ, Бендот на Здружението на џез музичари, на Баги биг бендот и на оркестарот на Филхармонијата.

Маја Поповиќ Караиванова е родена во Скопје, каде што го започнала своето музичко образование на петгодишна возраст во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Студиите ги продолжила на ФМУ во Скопје, каде што дипломирала во 2003-та година со највисоки оценки во насоката пијано, во класата на проф. Евушка Трпкова Елезовиќ, кај која магистрира во 2011 година на ФМУ. За време на студиите учествувала на мастеркласи со пијанисти и педагози како Борис Романов, Јокут Михајловиќ, Арбо Валдма, Жени Захариева, Милена Молова. Учествувала во повеќе концерти на ФМУ во рамките на „Музика Вива“, а настапувала и како солист и камерен музичар. Добитник е на повеќе награди. Маја Поповиќ денес работи како професор по пијано и камерна музика во МБУЦ „Илија Николовски – Луј“, а е и асистент во класата саксофон на ФМУ. Од 2018 до 2019 година е претседател на Управниот одбор на Филхармонијата, а сега е негов член. Од 2012 година соработува со саксофонистот Нинослав Димов, со кого имаат изведено повеќе рецитали.