МНР

Спасовски на Регионален настан

06.06.2023 11:23

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше со свое видеообраќање на Регионалниот настан „Зајакнување на отпорноста на организиран криминал и корупција помеѓу младите во Југоисточна Европа“, во рамки на Претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а во заедничка организација на Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал...

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше со свое видеообраќање на Регионалниот настан „Зајакнување на отпорноста на организиран криминал и корупција помеѓу младите во Југоисточна Европа“, во рамки на Претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа, а во заедничка организација на Одделот за транснационални закани на ОБСЕ и Глобалната иницијатива за борба против транснационалниот организиран криминал.

„Токму овие две области се клучни полиња во кои Европската Унија, односно Европската комисија со години упатува забелешки и дава препораки за натамошно подобрување. Притоа, организираниот криминал и корупцијата се и области во чијашто борба и превенција Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија вложува материјално-технички, но и човечки ресурси за надградба на своите капацитети. Воедно, несебично сме вклучени во меѓународната соработка, воспоставена на експертско и оперативно ниво, со цел етаблирање и поттикнување на култура на заедничко и посветено дејствување во борбата против овие феномени“, истакна министерот Спасовски на почетокот од своето поздравно обраќање.

Говорејќи за превенцијата на детското престапништво и зголемувањето на отпорноста на младите од сите видови криминал во Република Северна Македонија како прашање од стратешки приоритет за добросостојба на децата, семејствата и општеството во целина, министерот Спасовски рече:

На крајот од своето видеообраќање, министерот Спасовски подвлече дека 2023 година е успешна година за Министерството за внатрешни работи на планот на оперативната меѓународна соработка, а сè попризнати се и успесите во остварувањето на својата репресивна функција.

„Убеден сум дека со одржување на вакви настани и со зајакнување на меѓусебната доверба и дијалог, ќе можеме за многу скоро време да кажеме дека превенцијата на криминалот и криминалните феномени во Република Северна Македонија добиваат на интензитет, а резултатите бележат континуиран растечки тренд“, рече министерот Спасовски, посакувајќи успешна работа на регионалниот настан.