Политика

Утре лидерска средба Ковачевски-Мицкоски

06.06.2023 11:46

Мицкоски мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во антиевропскиот блок, предводен од левица. Од ВМРО-ДПМНЕ пак со став-Ковачевски да одбере, уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса...

Утре во клубот на пратениците, тет-а-тет средба Ковачевски-Мицкоски. Сега, нашата држава е исправена пред сериозна одлука, да го продолжи европскиот пат преку носење на потребните реформи за што е потребна вклученост на сите политички субјекти. Сите партии што и мислат добро на државата и на граѓаните, ќе изберат интеграција во ЕУ, а не изолација, велат од СДСМ.

Според партијата, Мицкоски мора да одлучи дали ќе се приклучи на европскиот блок или ќе остане во антиевропскиот блок, предводен од левица.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со став-Ковачевски да одбере, уставни измени и предавство или национално единство и фер шанса. Според партијата, Македонија со СДС е веќе во изолација, затоа што владеат со криминал, и прават предавства на секој чекор.